За ТВ водителката Милена Антовска и уште неколку нејзини колеги, стилисти, пејачи… летото 2021 започна порано.
Имено, тие имаа можност преку маркетинг соработката со една туристичка агенција, да ја посетат Анталија и да го уживаат морето и сонцето во пролет, односно да уживаат во рано лето за нив.
View this post on Instagram
Уште пред полетувањето од скопскиот аеродром, Милена ги извести своите следбеници за патувањето во Турција и не ја сокри возбудата дека после подолг период ќе се препушти на уживање и барем малку ќе заборави на корона.
Откако се смести и распакува, првото нешто кое и падна на памет да го прави беше да облече костим за капење и директ на плажа под сончевите зраци.
View this post on Instagram
-Кога после скоро две години ќе отидеш на море и не знаеш што попрво да направиш. Јас решив да почнам со плажа и сончање- пишува Милена.
Фотографиите беа неизбежни, а Милена покажа дека е во завидна форма.
Македонска риба во Анталија, ова тело на модел тешко да не изнуди погледи.