Познатиот хрватски актер и изведувач, Раде Шербеџија, деновиве беше гостин во Македонија, па неговото присуство во македонската престолнина го искористи естрадниот магазин „Бекстејџ“ за интервју со големиот актер.
Во рамки на интервјуто, холивудската екс-ЈУ ѕвезда зборуваше за својата кариера, семејството, новиот албум кој го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија.
„Ех малечка моја, само кога ти би знаела какви времиња беа тоа… Прекрасни, тоа не се опишува со зборови“… – и се обрати Раде на новинарката.
Инаку, Шербеџија одржа и концерт во Скопје под името „Ја те пјесмом зовем“.
Целото интервју со можеби најголемиот екс југословенски актер можете да го погледнете во видеото во продолжение: