Радио Милева

Рада Манојловиќ откри што не поднесува кај Харис Берковиќ: „Понекогаш ми доаѓа да си пукам во глава“

Рада Манојловиќ откри што не поднесува кај Харис Берковиќ: „Понекогаш ми доаѓа да си пукам во глава“
фото: Инстаграм

Радмила Манојловиќ веќе пет години ужива во љубовна врска со колегата Харис Берковиќ. Популарната пејачка тврди дека со девет години помладиот партнер често има кавги поради кои знае да се изнервира и како што вели на шега често и доаѓа да си го одземе животот.

„Нашите кавги се многу долги. Тој секогаш сака да биде во право, исто како и јас. Во хороскоп е близнак, а освен тоа, тој е помлад и од мене. Често во таквите ситуациии ми доаѓа да кажам: „Господе дај ми пиштол да си пукам во главата“ вели Манојловиќ  и признава дека и покрај несогласувањата со својот партнер знае да пронајде заеднички јазик.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Ништо во нашата врска не поминува така лесно. Ние сме во состојба да се караме и по 3часа. Се објаснуваме и ги аргументираме нашите ставови, но морам да признам, Харис не е тврдоглав. Често знае да каже: „Да, во право си“ или „Не си во право“ вели пејачката.

фото: србија данас

Рада вели дека не сака да губи контрола  и дека тоа често ја прави немоќна во работата и љубовните врски.

„Ме нервира губењето на контрола и во работата, но и во врската. Како Девица не можам да го поднесам на тоа, па се обидувам на сите начини да доминирам“ вели Манојловиќ.

Останати вести од Радио Милева