Живот и Стил

Работи кои не е убаво да ги подарувате за Нова година, еве какво значење имаат

Работи кои не е убаво да ги подарувате за Нова година, еве какво значење имаат

Подарокот зборува за оној кој го добива, но и за оној кој го купува.

Изборот на подароци за Нова година знае да биде навистина тешка задача. Подарокот зборува за оној кој го добива, но и за оној кој го купува. Овие работи не треба да ги подарувате!

Остри предмети – не дарувајте ножеви, ножици, отворачи за писма, отворачи за стаклени шишиња, зашто претставуваат сечење на односот.

Празни паричници и торби – ако подарувате паричник или торба, ставете малку пари во нив, парите симболизираат благосостојба на оној кој го прима подарокот.

Билки и цвеќе со трње – кактусите и други растенија со трње не се добри подароци, а избегнувајте и рози, зашто означуваат нарушување на односот. Ако добиете роза со трње од партнерот, извадете ги трњето за да си овозможите врска без проблеми.

Бонсаи и слични минијатурни билки – одлучете се за бујни и здрави билки со заоблени листови кои симболизираат просперитет и здрав живот.

Часовници и антиквитети – предметите кои покажуваат време или го симболизираат неговиот тек се лош подарок зашто го претставуваат односот со ограничен век на траење.

Шамивчиња – не подарувајте шамичиња, зашто означуваат бришење солзи и повикуваат на плач или болест.

извор:курир.мк
фото:freepik

To top