Живот и Стил

Работи кои ги разбираат само Девиците

Работи кои ги разбираат само Девиците

Најубаво и е кога некој ќе и каже „Не можеш“, а таа гласно ќе се насмее и ќе го направи тоа совршено.

1.Не разбирате како сите мислат дека е чудно што ја плаќате киријата пет дена пред крајниот рок. Еднаш слушнавте дека некој ја плати на денот или некој ден подоцна и не можевте да поверувате, па чудно го гледавте.

2. Кога луѓето ќе ве прашаат зошто нешто не ви се допаѓа, како да не знаат дека имате испечатено однапред теза од 90 страни за таа тема.

3.Кога вашите пријатели не разбираат зошто и натаму се оптеретувате со фактот дека ви останала лушпа од сончоглед меѓу забите пред две недели. Бевте несовршени една секунда и сега тоа ќе ве прогонува цел живот. Вака функционира вашиот мозок и тоа е тоа.

4.Симнување на влакна од четката за коса и фрлање на истите во корпа за да може да ја гледате чистата четка е некоја ваша верзија на дрогирање. Веројатно затоа тоа го правите исклучиво кога сте сами, во приватноста на домот.

5.Најголем проблем во вашата претходна врска е оној кој самите го имате создадено во главата. Се започнало кога сте се загрижиле околу нешто што може да биде проблем за еден ден. Вие сте чувствителна личност која се премногу анализира.

6.Секогаш постои една мала, тотално бесмислена работа на секој дел од вашето тело која би можеле малку да ја измените и тогаш би биле совршени. Меѓутоа, тогаш ќе се сетите дека имате околу 12.000 работи кои треба да ги завршите оваа недела и се прифаќате себеси онакви какви што сте, бидејќи реално, никој не го забележал вашиот нокт на левата нога и помислил дека е премногу коцкест.

7. Поминувате повеќе време со календарите и листата на работи кои треба да ги направите отколку со пријателите. Затоа кога ќе се видите со нив, барем времето ви е испланирано и квалитетно поминато.

8.Кога нешто нема да направите како што треба на работа и ќе се шокирате, бидејќи не сте знаеле дека тоа може да се случи. Сепак и вие понекогаш може да згрешите како и секоја нормална личност. Секако, извинувањето од 900 зборови мора да биде нагласено за секој вклучен да сфати дека никогаш нема да направите грешка намерно.

9. Кога ќе му кажете на некој дека вашата цел е да го освоите светот. И тога сите ви се смеат и ве гледаат. А вие не се смеете. Тие престануваат да се смеат и тогаш на сите им станува непријатно.

10. Очигледно, правилниот однос некој да направи нешто убаво за вас и вие да вратите со нешто убаво за другиот е 1:489248. Се што треба да и кажете на Девицата е „наздравје“ кога ќе кивне и ако може да ви овозможи куќа, ќе ја добиете.

11. Манирите се вашиот начин на живот и оние кои тоа нема да го сфатат „ќе исчезнат во пламенот“. Еднаш една личност не ви рече „благодарам“ што автомобилот негов го пропуштивте пред вашиот. Од тогаш таа личност повеќе не вози, бидејќи се исплаши од погледот кој и го упативте по кобната грешка.

To top