Живот и Стил

Пуштате вода во шољата со кренат или спуштен капак? – еве како се инфицирате со бактерии!

Пуштате вода во шољата со кренат или спуштен капак? – еве како се инфицирате со бактерии!

Дали капакот на wc шољата е кренат или спуштен додека пуштате вода значително влијае на Вашето здравје. Ако не го спуштите капакот при пуштањето на вода бактерии се шират низ воздухот и ги населуваат најблиските површини – открива истражувањето на универзитетот Лидс.

Научниците ја дезинфицирале wc шољата, а потоа симулирале дијареа користејќи примероци од столица заразени во вирусот C. difficile. Потоа пуштиле вода, но не го спуштиле капакот. Вирусот се проширил и до 25 сантиметри над шољата, а во воздухот останал и до 90 минути по пуштањето вода. Вирусот го имало во воздухот и кога капакот бил спуштен, но во значително помали количини и тој не се проширил на околните површини – потврдува истражувањето.

„Потоа во шољата ставивме боја, го кренавме капакот, а на отворот ставивме фолија и пуштивме вода. При секое пуштање на вода од шољата излетуваат минимум 50 капки. Некои вируси на тој начин доаѓаат до воздухот и побрзо се шират“ – тврди професорот Марк Вилкокс, директор на микробиологија во универзитетската болница Лидс.

Неспуштањето на капакот го зголемува ризикот од добивање на вирус кој предизвикува повраќање, па затоа сега сосема е јасно за што слуши капакот на шољата. Иронично е тоа што некои болници немаат капаци на шољите за да се спречи ширењето на болести преку допирање на капакот – додава тој.

извор:попара.мк

To top