Живот и Стил

Пушењето е многу штетно и тоа сите го знаеме, но знаете ли кои други навики се меѓу најсмртоносните?

Пушењето е многу штетно и тоа сите го знаеме, но знаете ли кои други навики се меѓу најсмртоносните?

Очигледно и многу јасно, пушењето е една од најсмртоносните навики. Меѓутоа, постојат и други фактори на ризик кои се шират со приближно иста брзина и кои главно произлегуваат од нездравиот начин на живот на луѓето.

Еве ги првите пет:

Осаменоста

Порастот на улогата на социјалните медиуми и намалувањето на личниот контакт лице в лице со други луѓе, ја претвора осаменоста во распространета појава која влијае на целиот свет. И тоа може да биде смртоносно.

Осаменоста го намалува очекуваното траење на животот со пушење еквивалентно на 15 цигари дневно.

Долго седење

Седењето по цел ден го зголемува ризикот од развој на различни видови на рак.

Несоница

Несоницата го зголемува ризикот од мозочен удар и инфаркт на сличен начин со пушењето. Тоа влијае на голем пад на имунитетот и немање сила за спортување или било која друга здрава животна навика.

Солариуми

Вештачки тен може да изгледа како корисно сончање, но не е тоа. Потенцијално е поопасно од пушењето, бидејќи е поврзано со предизвикување голем број на канцери на кожата.

Во 2014 година истражувањето објавено во JAMA, открива дека солариумите водат почесто до рак на кожата, отколку пушењето – до рак на белите дробови.

Нездрава исхрана

Бројни студии покажаа дека шеќерната и преработената храна богата со заситени масти нè изложуваат на потенцијално фатални заболувања – речиси како пушењето. Научниците заклучуваат дека ризикот по здравјето од нездравата храна е многу повисока од пиењето алкохол, земањето дрога, незаштитениот секс и пушењето заедно!

To top