Радио Милева утрински уплав

Пулсот рипна на 200: Снеже Велков утрово на кејот на Вардар се соочи со својот најголем страв (фото)

Пулсот рипна на 200: Снеже Велков утрово на кејот на Вардар се соочи со својот најголем страв (фото)

Македонската водителка Снеже Велков нема ден да не вежба, но деновиве и таа започна да вежба рано наутро возејќи го својот велосипед на кејот на Вардар.

Најчесто утрата и почнуваат со вежбање или со возење на велосипедот и тоа уште во седум часот  наутро, а како што вели Скопје има друга магија во утринските часови во што посебно ужива.

Па и да врне и да вее, и бура да коси, за Снеже тоа проблем не е, таа спортска облека си ја носи и пред се мотивацијата за здрав живот и навики. Сепак, она што подолго време го носи во себе е и стравот од кучиња за што неретко знае да објави некои свои случки.

Така, Велков често е активна на социјалните мрежи, па објавува фотографии и видеа од нејзините дневни физички активности.

Утрово, кога тргна да вози велосипед на кеј, Снеже се соочи со еден големиот предизвик за неа односно победувањето на страв од кучиња.

Имено, како што истакна кога возела на кеј имало неколку кучиња, момент за кој вели дека пулсот и рипнал на 200, се двоумела да помине или да се врати.


Мислеше дали да помине покрај нив, да се соочи или не, но на крај извојува победа сама со себе.
Кучињата само ги одмина, а потоа за да си ја собере душичката застана да се напие вода.

Браво за Снеже, а кога се сака, сè се може! Па дури и да се надмине „утринскиот уплав“!

To top