Поранешниот македонски кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ и неговата сопруга ставиле крај на нивниот заеднички живот, пишува „Женски магазин“.
Како што пишува овој портал, нивен близок извор им изјавил дека Перо и Ружица повеќе не се во брак.
– Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина – открија блиски пријатели на познатата двојка.
Ружица која е главен и одговорен уредник на порталот „Портрет“, на својот „Инстаграм“ профил го промени своето презиме односно од Ружица Антиќ во Ружица Максимовска.
Од друга страна, познатиот пар не се следи на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Парот беше во брак 13 години, а заедно имаат три сина.
Кои се причините поради кои ставиле крај на заедничкиот живот не знаеме, а парот не се огласи по повод за нивниот развод.