По повеќе од 20 години, пријателството меѓу Аца Лукас и Ацо Пејовиќ наводно е завршено, а како што тврди српски Телеграф, тоа се случило поради познатата пејачка Маја Беровиќ. Како што тврди овој медиум, босанската пејачка била главната причина што Пејовиќ го „прцртал“ Лукас и се тоа поради дует. Наводно, добро известен извор за српски Телеграф тврди дека Пејовиќ договорил дует, но концептот го сменил Лукас, кој ја убедил Маја дека е подобро со него да сними дует.
-Пејовиќ ги ангажираше Бубо и Џало да направат летен хит за него и Беровиќ, а кога ја доби песната, буквално беше во транс. Ја побара Маја и кажа дека имаат летен хит, па се договорија за неколку дена да го снимаат во студио, но наводно Лукас замешал прсти. И се јавил на Маја и кажал дека има песна која е создадена за дует и дека е подобро со него да снима. Наводно, бил толку уверлив, што успеал да ја убеди пејачката, тврди извор за српски Телеграф и додава:
-Маја потоа му се јави на Пејовиќ и му го кажа тоа, а овој полуде. Го повика Лукас и му кажа дека не е во ред тоа што го прави, не поради песната, туку поради принципот и почитувањето. Лукас му врати дека Маја не е негова сопственост, па тој да одредува со кого ќе снима дует, што Пејовиќ го извадило од такт и му спуштил слушалка, тврди изворот за споменатиот медиум.
Маја Беровиќ и Ацо Пејовиќ не одговарале на повиците на новинарите, но затоа Лукас бил расположен да зборува:
-Јас сум во одлични односи со своите колеги. Кај нас нема тимови, јас никому не се поклонувам и ме заболе кој со кого е добар, а кој не. Јас сум со сите добар, одговорил Аца Лукас.
фото:инсатграм