Промотер ново музичко дело

„Птици летајте“ е новата песна на македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков

„Птици летајте“ е новата песна на македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков

Младиот пејач Александар Темелков кој публиката го препознава по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, деновиве ја промовираше својата нова песна насловена како „Птици летајте“.

Пејачот песната ја промовираше со видео од емисијата „ИмаТ немаТ“ на ИнТВ во Австралија.

Автор на текстот на песната е Стојан Тоше Лазаревски, музиката е дело на Мики Паневски, а аражманот е на Славко Ристески.

Инаку, Темелков учествуваше неколку пати во „Ѕвездите на Гранд“ каде со својата харизма го освои жирито и публиката, но не успеа да стигне до финалето.

Пејачот зад себе има веќе неколку авторски песни.

Во видеото подолу слушнете ја „Птици летајте“

фото: Принтскрин/инстаграм/aleksandar.temelkov_official/јутуб/

To top