Популарниот српски пејач Аца Лукас кон средината на 2017 година стави крај на неговиот седумгодишен брак со Соња Вуксановиќ.
Двајцата подолго време ги пополнуваа насловните страници на сите весници и портали, а бунтот на поранешните брачни другари беше до недоглед. Сепак, неодамна беше објавено дека Лукас и Соња се смирија и дека тие одлучија да и дадат уште една шанса на нивната љубов.
Тие до сега не дале јасна изјава за ова прашање, а од извори блиски до овој поранешен пар, јавноста дозна дека нивниот однос сега е чисто пријателски, а најмногу поради ќерката Викторија.
Српскиот портал, Pink.rs се сретна со пејачот кој откри дека двајцата не живеат заедно, што значи дека поранешниот пар не ја обновил својата романса.
-Не сакам ништо за тоа. Соња живее во нејзината куќа, јас живеам во своја и тоа е тоа “, рече Лукас кратко за неговата поранешна сопруга.