На Велики четврток се фарбаат велигденските јајца, а главното прашање кое се поставува е што се прави со првото јајце од минатата година кое домаќинките го чуваат.
Првото јајце се чува додека не се офарба ново прво јајце, а тоа важи за чувар на куќата.
Старото јајце се фрла во река за да го однесе сето зло од дома.
Ако нема река во близина се фрла што подалеку од домот.
Обичајот е на утрешниот ден да се офарбаат барем три црвени јајца, а првото да го оставите на некое место во домот каде ќе остане до следната година.
извор: Курир.мк