Наследникот на еден од нашите најдобри ракометари, Стојанче Стоилов и на неговата неодамна венчана сопруга Деница, пристигна.
Убавата вест за приновата кај Столов ја сподели нековиот колега, Дејан Манасков кој на Инстаграм „стори“ откри дека бебето е машко, и им честиташе на среќните мама и тато.
Стојанче веројатно од премногу возбуда не стигна ниту да отвори на социјалните мрежи, а камоли да објави нешто.
Но, како и секогаш тоа за него го направи неговиот брат стефан кој објави една братска фотогрфија на која и тој упати честитки, ама и откри дека бешето го добило името Бојан.
Инаку, кон крајот на месец јули, Стојанче и Деница ја озаконија својата врска, а по склучениот граѓански брак имаа мала забава со најблиските.