Радио Милева

Прво интервју на Вељко Ражнатовиќ по свадбата: „Едвај чекам на синот да му го дадам тоа што јас го немав“

Прво интервју на Вељко Ражнатовиќ по свадбата: „Едвај чекам на синот да му го дадам тоа што јас го немав“
фото: Принтскрин/пинк.рс

Вељко и Богдана Родиќ на 24 ноември запливаа во брачните води, а за нивната свадба се уште се пишува.

Меѓутоа, она што посебно ги радува е тоа што следната година ќе станат родители на нивното прво дете односно синот кој одлучија да се вика Жељко.

Вељко во интервју за пинк.рс откри дека се подготвува за осмиот натпревар во својата кариера.

Познато е дека Богдана го следи Вељко на сите натпревари, па така ќе биде и овој пат.

фото: Инстаграм/вељкоражнатовиќ

„Секако дека ќе оди со мене, па сопруга ми е (се смее). Живееме и како претходна, единствена разлика е прстенот на рака“ вели Вељко.

На прашањето дали Богдана е напорна трудница, тој вели:

„Па, јадеме се, но тоа е нормално, хормони. Ништо не ми е проблем, секогаш сум тука за неа. Рано е да се подготвуваме, имаме браќа и сестри, а сите се мали, па така да се што треба, кревет и се, ние сме подготвени за тоа“ вели Вељко.

фото: Промо

Ражнатовиќ откри дека едвај чека да стане татко.

„Немам трема, јас навистина едвај чекам да станам татко. За жал, јас не пораснав со татко, па така едвај чекам на мојот син да му го дадам она што јас го немав. Отсекогаш знаев дека својот син ќе го крстам по мојот татко, мислим дека тоа е праведно“ заклучи Вељко.

Богдана е во четвртиот месец од бременоста.

Останати вести од Радио Милева