Најголемата балканска машка ѕвезда Здравко Чолиќ беше сон на сите жени. Тој долги години е во брак со сопругата Александра со која ги има ќерките Уна и Лара, а за неговиот љубовен живот од младоста малку се знае, сега се појави фотографија од неговата прва девојка со која се забавуваше.
Првата љубов на Чола била Јасна Орнели Бери, позната актерка. На почетокот на седумдесеттите години во Сараево, каде што живееле и двајцата, дошло до средба помеѓу Чола и неа, а љубовта веднаш се запалила. Како што тогаш се зборуваше, нивната љубов била искрена и голема, а за тој период сведочи и Јасна, но само 47 години подоцна.
– Се запознавме многу млади, многу одамна. Отидовме во Скендерија, во Домот на млади, кој собираше таленти, а имаше не само музичари туку и актери и сликари. Се дружевме и таму се заљубив за прв пат. Сите имаме први љубови и тој секогаш ќе има дел во моето срце кое е резервирано само за него. Посебно затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам до крајот на животот – изјавила оваа убава актерка за еден босански медиум.
Како што рече, нивните патишта се разделиле, а првпат се сретнале по војната во Белград.
– Беше тоа многу емотивна средба. Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој го има тоа нешто. Сега после толку години успеа да го задржи. Тој е добар човек. Ја сакав неговата нарав, таа искра во окото што не престанува да зрачи – рекла тогаш Јасна и продолжила:
– Тоа е сѐ уште љубов која не можеш да ја галиш и да те држи за рака.
Здравко секогаш ќе биде сечиј и ничиј. Пред се, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Noć mi te duguje“ – заврши таа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм