Есента за многу жени не е само синоним за паѓање на лисјата од дрвјата, туку и за опаѓање на косата.
Доколку опаѓањето не е во неразумни количини тогаш нема место за паника, и истото трае од 4 до 6 недели. Но добро е да се превземат некои мерки за да оваа сезонска појава не премине во нешто посериозно.
За да и помогнете на вашата коса да се избори со преминот од тропските температури кон студената зима, добро е да посетите фризер.
Скратете ја должината и дајте и на косата нова сила и сјај. Нормално дека и вашата коса се храни со она што вие го внесувате во организмот.
Она што и е најмногу потребно се протеини, витамини и минерали, па добро е да ги обезбедите во овој есенски период.
Во исхраната вклучете риба, млеко, млечни производи и месо. За здрава коса многу е важно да изберете квалитетни козметички препарати кои одговараат на вашиот тип на коса.
Некои фризери велат дека е добро косата да се мие секој трет ден, притоа користејќи соодветен шампон кој ја чисти и негува косата.