Радио Милева „Живееме во чудно време“

Прва објава на Оливера Балашевиќ по смртта на музичката легенда: „Тоа што е далеку секој ден изгледа како уште подалечно“ (фото)

Прва објава на Оливера Балашевиќ по смртта на музичката легенда: „Тоа што е далеку секој ден изгледа како уште подалечно“ (фото)

Оливера Балашевиќ за прв пат се логласи на социјалните мрежи по смртта на нејзиниот сопруг Ѓорѓе Балашевиќ.

Таа е скршена од болка по губењето на својот сопруг, а првата објава на социјалните мрежи по смртта на Балашевиќ ја објави 11 дена по неговата смрт.

Оливера на посебен начин го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик и сподели видео од емисијата во која беше гостин и зборуваше за тоа што и значи јазикот.

„Живееме во чудно време. Тоа што е далеку секој ден изгледа како уште подалечно. А, тоа што ни е блиску, ни е сè поблиску и поблиску.
Во хаосот на ова искривено огледало на пандемијата и апсурдот, кои сме ние доколку не се стремиме кон вредностите?
Најдлабоко, оние кои што влечат од нашите корени и тивко, со шепот, нè потсетуваат кои сме ние.
Така и на денот на мајчиниот јазик му должиме, барем благодарност. Што нè предупредува да не заборавиме. Корените. Мајката. Бабата. Ние самите.
Меѓутоа, не можам, а да не прашам, дали мајчиниот јазик е оној на кој што нè учеле мајките или пак тоа е тој со кој што ги учиме нашите деца?
Мојата мајка за жал, го немала. Растејќи во некои други времиња, засекогаш останала без изворниот, тој кој што ги пишува нашите приказни. Или пак можеби го имала, само не му го знаеме името?
Ми беше чест, но и одговорност по повод 20-от меѓународен празник на мајчиниот јазик да кажам неколку зборови. Оние од најдалечните катчиња на душата.
Ми шепнаа моите Планети, да ви пренесам да не заборавите.
Туку, да се сетите“.

Да потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари во Клиничкиот центар на Војводина на 68-годишна возраст. Тој беше испратен на вечно почивање со песната „Оливера“, која и ја посвети на својата сопруга.

To top