Радио Милева

Прва исповед на Наташа Беквалац по разводот и физичкото насилство: „Мојот пекол започна веднаш по венчавката“

Прва исповед на Наташа Беквалац по разводот и физичкото насилство: „Мојот пекол започна веднаш по венчавката“

Наташа Беквалац неодамна се разведе од својот сопруг Лука Лазукиќ, а како што тврди за „светплус“ тој ја малтретирал уште од првиот ден.

Таа проговори за насилството кое го трпела се до 14 април 2018 година кога Лука физички ја нападна.

„Секоја жена пред да стапи во брак, покрај љубовта, мора да го запознае својот партнер. Јас бев заљубена. Веднаш по венчавката започна мојот пекол. Трпев бидејќи имав ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче, а проблемите ги туркав под тепих, а се тоа после кулминираше“ започнува Наташа и додава:

фото: Инстаграм

„Уште имам лошо чувство во стомакот кога ќе се сетам. Страшно психичко и физичко злоупотребување. Како и секоја жртва на насилство, изгубив самодоверба, се разделив од семејството и пријателите…останав сама“ вели Беквалац.

Наташа исто така проговори и за физичкото насилство, односно кога претходната година Лука физички ја нападна.

фото: дејан бриза

„Тој не ме удри, тој ме претепа. Тоа беше мојот крај, бев понижена, но за мене од ударот полошо беше судискиот процес бидејќи во судница се чувствува дека сум виновна  и како ситуацијата да е обратна, посебно кога ме прашаа: „Мислите ли дека е во ред што одеднаш сте го пробудиле сопругот?“, се обидоа да ме направат виновна, а јас почнав да верувам дека сум, но докажав дека не сум бидејќи стручните лице за вештачење докажаа дека не сум можела тоа сама да си го направам“  вели пејачката“.

фото: инстаграм

Пејачката откри дека и побарала стручна помош.

„Многу сум чувствителна, па побарав помош да не бидам емотивно оштетена. Со месеци спиев по 2, 3 часа, се плашев да заспијам бидејќи имав кошмари, се будев во пот, исцрпена“  вели Ната.

„Се надевам дека децата ќе имаат одличен однос со татковците, Хана го има со нејзиниот татко, се надевам дека така ќе биде и со Катја“ завршува Беквалац.

За потсетување, Наташа и Лука од бракот ја имаат ќерката Катја.

To top