Живот и Стил

Прва фотографија од ледениот кратер на Марс

Прва фотографија од ледениот кратер на Марс

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја објави првата фотографија од ледениот кратер на Марс.

Научниците направиле комбинација од три фотографии на кратерот Королјев, направени на 15 април од висина на 400 километри.

Водечкиот истражувач Николас Томас изјави дека боите на фотографијата се прилагодени на тоа, што повеќе да потсетуваат на оние кои се видливи со човечкото око.

To top