Радио Милева роденденска модна парада

Провокацијата колективен дрес-код на роденденот на „Убавина и здравје“: Познатите Македонки која од која посекси, а Вера Мештеровиќ заедно со широката насмевка ја сподели и долната облека (ФОТО)

Провокацијата колективен дрес-код на роденденот на „Убавина и здравје“: Познатите Македонки која од која посекси, а Вера Мештеровиќ заедно со широката насмевка ја сподели и долната облека (ФОТО)

Перманентноста и истрајноста во медиумскиот простор во земјава е тешка, напорна и макотрпна упопорност и стремеж кон успехот.

„Убавина и здравје“ успеаја во тоа дури и повеќе од деценија.

Вчеравечер во еден ноќен клуб во градскиот парк во Скопје се славеа два родендени, односно два во едно, 15 години за магазинот „Убавина и здравје“ и уште 10 јубилејни за порталот „Убавина и здравје.мк“.

Горди на успехот што го постигнале и приканата што досега ја испишале, пратија покани до колегите, естрадата, соработниците… Доделија и награди за општествено одговорни компании, групи и поединци – филантропи.

Роденден е свеченост, па како што е редот, славениците треба да се испочитуваат со честитка и желба за многу повеќе од гостите кои дојдоа дотерани од глава до петици и со најважниот аксесоар – насмевката.

Дамите секако беа во фокус, а иако немаше одреден дрес – код, провокацијата суптилно излезе дека била најчестиот избор на повеќето од познатите Македонки кои дојдоа да ги испочитуваат славениците и да им честитаат за досегшаното и да им посакаат уште многу повеќе, да се дружат меѓу себе ама и да бидат видени.

Пејачки, новинарки, водителки, манекенки, секоја во свој моден филм од стајлиг што мислеле дека е вистинскиот за нив и приликата.

Лила секогаш расположена за позирање пред фотообјективите го покажа својот избор на ултра кусо коктел фустанче во металик нијанса и асиметрични пресеци и истакнат макси детаљ кај рамото. Комбинацијата ја заокружила со високи потпетици на платформа во истата нијанса.

Дополнителен и најважен аксесоар од целосниот визуелен приказ беше статуетката што Лила ја држеше во рацете, а и припадна за неодамнешната “Најинспиративна приказна” од исповедта за борбата со опаката болест која ја победи.

Секоја дама беше маркантна и посебна на свој начин, но ТВ водителката и модел, Вера Мештеровиќ како да издоминира над сите дами.

Нејзиниот избор беше транспарентен комбинезон од провидна тантела под кој се гледаше црната долна облека. Гаќичките ниту суптилно немаше намера да ги сокрива, но генерално таа изгледаше префинето без да биде вулгарна, туку напротив доминантна секси дама со наметката како завршеток кој открива онолку колку што треба. А, на моменти и малку повеќе од тоа.

Во редот на највпечатливите беше и нејзината колешка, водителката Милена Антовска- Станковска со изборот на црно коктел фустанче со деколтиран корсет од кој во фокусот беа градите, а црните дамски ракавици и високите потпетици дадоа доза на елеганција и гламур.

Александра Пановска- Илиевска беше нешто поумерена со комбинацијата од широки свилени принт панталони споени со црно сако под кое имаше тантела, а под неа се гледаше градникот кој и доведе до минимална провокативност.

Пред фотообјективот беа и водителките и колешки од утринската програма на ТВ Алфа, Ирена Спировска, Ивана Јаневска, Анастасија Богдановска, и водителката на „Срце на дланка“, Оливера Петрушевска која доби награда за хуман ТВ проект. Четворката од Алфа за разлика од останатите беа умерени и елегантни со избор на едноставни и безвременски парчиња.

Русокосата трендсетерка Агнеса Органџиева сакаше да покаже дека брендираното е нејзин избор, овој пат комплет на „Долче и Габана“ со цветен принт од кежуал панталони со висок ластик струк и топ од кој го истакната бујното деколте.

Пејачката, модел и мисица Кристина Димитриевска е секаде каде што е забавата, а за неа стајлингот веќе разбирливо мора да биде сексапилен и провокативен. Изборот сега и беше на трико црн шорц комбинезон со пресеци кој ја истакна нејзината совршена градба. Едноставна, но ефектна и впечатлива!

Се’ на се“ роденденска забава и моменти кои и тоа како му требаат на јавниот живот во престолнината и цела Македонија. Повод за хумано и убаво, мерак за покажување, а и уважување. Нека е честит роденденот и со годините да се множат уште многу вакви пригоди за сатисфакција, поттик, па и модна парада.

Фото: Инстаграм принтскрин

To top