Живот и Стил

Проверетего вашиот неделен хороскоп (08 – 14 јануари, 2018)

Проверетего вашиот неделен хороскоп (08 – 14 јануари, 2018)

Овен 

Нема потреба да потценувате нечија улога при работното-финансиско посредување. Во љубовниот живот посакувате некои нови и повесели случувања. Смислено го избирате вистинскиот момент да ги оставрите своите намери или на саканата личност да и соопштите важни планови.

Среќен ден: Среда

Бик

Склони сте кон чести промени на своето емотивно расположение, посебно во ситуации кога партнерот делува отсутно или незаинтересирано за вашите идеи. Сепак нема причина да губете надеж или премногу да се одалечувате од партнерот. Сакате да воспоставите подобра котрола над новите случувања во љубовниот однос.

Среќен ден: Понеделник

Близнаци

Вложувате големи напори да остварите позитивни резултати во професионалните истражувања, но постојат ситуации кои ги пореметуваат вашите планови и работна концепција. Во достоинствен стил и без премногу прашања ја прифаќате критиката која ви ја упатуваат блиските соработници.

Среќен ден: Петок

Рак

Се однесувате енергично на средбите со соработниците и поставувате нови барања, со кои сакате да го унапредите своето професионално искуство и заеднички успех. Не дозволувате можност за неочекувани промени во професионалните преговори. Сепак со претераното истакнување на личните барања побудувате различни коментари помеѓу соработниците.

Среќен ден: Вторник

Лав

Љубовните недоразбирања ги прифаќате како минлива фаза, се се сведува на нови поттици или на добар импулс кој води кон емотивно зближување. Потпрете се на своите „скриени адути“ на заводничкиот шарм кој го поседувате.

Среќен ден: Недела

Девица

Се однесувате многу амбициозно и се обидувате да ги процените завршите резултати во сите значајни случувања на професионалната сцена. На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа и зборува.

Среќен ден: Понеделник

Вага

Важно е да се определите за современа варијанта која овозможува напредување на професионалната сцена. Потрудете се да го сочувате добриот однос и довербата. Се што има „љубовен предзнак“ го привлекува вашето внимание и интересирање. Доживувате нова блискост во односот со саканата личност, па така на основа на вашата емотивна состојба значајно се менува и вашиот поглед на свет.

Среќен ден: Сабота

Скорпија

Преокупирани сте со размислување за нови професионални-работни планови или за натрупаните обврски кои ве пратат. За жал, не можете да се пофалите со добра комуникација во кругот на службените партнери. Понекогаш мора да преземате соодветен работен ризик во согласност со дадената ситуација и предизвик. Потребно е да се определите за корисни цели, кои ќе ви овозможат подобри професионални услови.

Среќен ден: Вторник

Стрелец

Често го анализирате својот љубовен живот и имате впечаток дека полека се „одалечувате“ од саканата личност. Не сакате некој да ги изневери вашите чувства или да донесе непромислена  одлука за заеднички живот. Важно ви е повторно да ја почувствувате наклонетоста на партнерот и взаемната доверба. Потребо ви е ново соодветно решение.

Среќен ден: Четврток

Јарец

Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, вашите соработници очекуваат да делувате многу успешно или над просечните мерила. Ви импонира сознанието дека околината има доволно доверба во вашите професионални способности. Добрата работна стратегија и прецизите потези претставуваат гаранција за долгорочен успех. Сепак, постојат ситуации кои не зависат од вашата волја.

Среќен ден: Понеделник

Водолија

Посакувате поголема емотивна слобода или можност да ги остварите своите намери, но моменталните случувања не одат секогаш во саканиот правец. Не можете лесно да промените нечија одлука или да влијаете на однесувањето на партнерот.

Среќен ден: Недела

Риби

Упорно се обидувате да се наметнете како авторитативна личост, пред личност која добро го познава вашиот карактер, доблести или слабости. Делувате таинствено и важно ви е да влезете во нечија љубовна трага. Не можете лесно да го протолкувате партнеровото однесување и не сакате да ризикувате во емотивниот однос. Потпрете се на своите чувства.

Среќен ден: Среда

извор:среќа.мк

To top