Ако се обидувате да изгубите на тежина и редовно да вежбате, честопати можете да ја чуете препораката да внесувате повеќе протеини. Но, што значи тоа во пракса?
Протеините треба да направат да се чувствувате заситени, да ги намалите желбите за “забранетата” храна, но исто така се неопходни кога станува збор за градење и одржување на мускулната маса. Најдобра протеинска храна е онаа која содржи голема количина протеини во неа, и неколку калории, а тоа се следните 6 производи.
1. Јајца
Едно јајце со просечна големина има само 80 калории и околу 7 грама протеини, и затоа тоа е најдобриот начин да се започне денот. Јајце за појадок ќе го одржува стабилно нивото на шеќер во крвта и ќе ви помогне да јадете помалку дури и во наредните 36 часа.
2. Лосос
Во 100 грама варен лосос има само 155 калории и 22 грама протеини. Лососот е богат со омега 3 масни киселини.
3. Козјо сирење со мал процент масти
Една чаша козјо сирење со мала содржина на масти содржи дури 24 грама протеини и само 163 калории. Млечните производи богати со протеини помагаат во губењето масти и зголемување на мускулната маса.
4. Пилешки гради
Нема многу избор на храна што може да ве засити, а да ви даде толку многу протеини и да бидете нискокалорични. Една таква е пилешки гради – 26 грама протеини и 128 калории на 100 грама. Ова е “разноврсна” храна со која готвењето е пријатно – има безброј рецепти кои го вклучуваат истото.
5. Леќа
Една чаша варена леќа ве снабдува со 18 грама протеини, но вие исто така добивате 15 грама растителни влакна, кои ќе помогнат за стабилизирање на шеќерот во крвта и одржување на ситост. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои јаделе секој ден по една шоља леќа изгубиле еден килограм за шест недели без какви било други промени во исхраната.
6. Свински стек
100 грама свински стек ќе ви обезбеди околу 26 грама протеини и околу 150 калории, што е одлична алтернатива на пилешкото месо, кое најчесто е најзастапен во високо-протеинските прехранбени производи.