Радио Милева Не се штед на квадратура

Простран и стилски уреден: Ѕирнете во домот на Сузана Гавазова (фото)

Простран и стилски уреден: Ѕирнете во домот на Сузана Гавазова (фото)

Домот на познатите отсекогаш бил интересна тема за медиумите, а исто така и за љубопитното око на јавноста.

Сепак, не секоја позната личност сака да ја споделува својата приватна оаза и интима. Фолк пејачката Сузана Гавазова е токму од оние спротивните кои не се штедат да покажат што повеќе за себе, своето семејство, па и домот.

Пејачката е една од најактивните кориснички на социјалната мрежа Инстаграм, а таму освен што во домот се снима додека танцува или готви, во тие моменти го покажува и семејното гнездо каде живее со сопругот и двете ќерки.

Гавазова живее во простран стан, модерно и префинетно уреден, а преовладува едноставноста од изборот на мебелот и светлите бои од ентериерот кои преовладуваат.

Станот е од отворен карактер, па во огромниот салон се сместени дневниот престој и трепезаријата, простор каде може да се соберат повеќемина.

Сузе ужива во комоција, а исто така и сопругот Јасмин, двете ќеркички и двете милиничиња мачки.

Пред да се врати од Шведска во Македонија, Гавазова исто така живееше во комоција, бидејќи на квадратура кај нив нема штедење.

фото:Инстаграм принтскрин/Сузана Гавазова

To top