Живот и Стил
Мода

Пролет 2018: Обојте го вашиот плакар – овие бои ќе доминираат

Пролет 2018: Обојте го вашиот плакар – овие бои ќе доминираат

Една од причините што ја сакаме пролетта е тоа што во сè, па дури и во облеката, носи бои и спокојство. Во последно време, модната индустрија се ослободува од какви било ограничувања, па со тоа, секој го носи она што му се допаѓа и на начин на кој тоа му одговара. Сепак, постои општ водич за тренд, дури и кога боите се во прашање. Многу често листата на Pantone Color Institute се совпаѓа со тековните трендови. Подолу, можете да видите кои бои ќе доминираат оваа пролет:

Боја на лаванда за женски изглед

Пантон вели дека “Ултравиолетовата боја” е бојата на годината, а тоа било доволно за да доминира и во модната индустрија и во ентериерот. Сепак, сите нијанси се тренди. Една од првите асоцијации на пролетта се пастелните нијанси, па така оваа пролет ќе носиме пастелна верзија на виолетова боја, односно нијансата на лаванда. Ако до сега не сте ја носеле многу оваа боја, пробајте ја бидејќи внесува доза на нежност и женственост во Вашиот изглед. Марама со боја на лаванда, здолниште од тул, кошула или можеби сандали – на вас е да го изберете што е најблиску до вашиот моден вкус. Комбинирајте со жолта, бела, па дури и зелена или сина боја.

Пеперминт – доза на свежина во изгледот

Пеперминт или скратено Минт – пастелна и интересна нијанса на зелена боја. Тоа не носи студенило во вашиот изглед, туку го освежува. Ако носите фустан во оваа нијанса или можеби деловен костум, верувајте дека нема да поминете незабележано. Познатите светски ѕвезди полудеа за оваа нијанса, па така стана една од водечките бои за тековната сезона. Можете да го комбинирате со бело, беж, сино. Чевлите во оваа нијанса може да бидат на вашата шопинг листа. Покрај тоа, оваа нијанса потсетува на 60-тите годиини.

Розeва и нејзините пудрести нијанси за трансформација

Уште една нежна, би рекле шеќерна нијанса. Оваа пролет не носиме изразито розова боја, туку нејзините нежни тонови, или популарно наречени пудрести нијанси. Некаде овие нијанси се класифицирани како неутрални, заедно со беж или бели тонови. Сепак, уште поважно е дека овие нијанси се повеќе доминантни и ретко кога може да се направи грешка со нив.Тие се топли, лесни за комбинирање и идеални за речиси секоја пригода. Може да се одлучите за розов костум, романтична кошула со чипка за прошетка, малку свечена тоалета за свадба или некоја забава, панталони за прошетка со пријателите, тесно здолниште или сако за офис стил – има многу можности, бидејќи облеката во оваа нијанса веќе се смета за основна или класична. Сè друго е надградба.

Сино во сите варијанти – за впечатлив изглед

Во пролетната палета на бои, синото не е изненадување. Секогаш ќе има свое почесно место, заедно со белата боја. Сината, која асоцира на море и небо, по широчината и слободата, оваа пролет доаѓа во полн спектар. Од темна, кралска сина за извонреден изглед, преку стандардна сина за бизнис изглед, до пастелни нијанси за софистициран изглед – не можете да ја оставите на страна. Темните нијанси на сина боја може да ви бидат замена за црната боја во тековната сезона и на тој начин да биде основа на која ќе ги изградите вашите комбинации, бидејќи речиси и да нема боја која не одговара со неа.

 

Со белата боја го повикуваме летото

Белата е исто така омилен и чест избор во пролетната сезона. Кога сте во бело, изгледате чисто, привлечно, светло. Сепак, без разлика колку ја сакате оваа нијанса, таа често знае исто така да биде и ризичен избор, бидејќи белото лесно може да ги истакне вашите недостатоци и сè она што сакате да го сокриете – неправилна форма, целулит. Токму затоа, ако веќе сте одлучиле да носите бела облека, направете го тоа со широк крој. Кошулата со иглички и карнери, или блуза со ракави во облик на ѕвонарки, се одличен избор.

Жолта – да блеснеме како сонцето

Жолтата боја владееше со модната сцена оваа зима, па модните експерти испратија порака да излеземе од здодевниот шаблон. Нејзината популарност продолжува во тековната сезона, и тоа во впечатлив окер или во најнежната нијанса. Заборавете за цитрусните тонови на жолта или флуоресцентна .Дури и ако не ја сакате премногу оваа боја, обидете се да ја внесете во вашиот гардеробер. Можете да изберете кошула, здолниште или фустан во овие нијанси. Во случај ако е премногу за вас, тогаш одлучете се за ташна, бидејќи тие се екстремно популарни и тренди, тешко ќе направите греша, и ќе видите како тоа ќе донесе топлина и свежина во вашиот изглед.

Портокалово – да внесеме егзотична доза

Уште една топла нијанса која ни носи егзотика. Без оглед на фактот дека монохроматските комбинации во оваа година се доминантни, имаме омилени дизајни и печатени материјали од оваа пролет што содржат портокалова боја, како што можете да видите на приложените фотографии. Ова ги прави да изгледа попривлечно и весело и се добива сосема поинаков пристап и опсег на оваа боја, што не е секогаш лесно да се комбинира и да се носи. Исто така, “уличните” брендови се вклучени во нивните збирки, така што во нивната понуда можете да ги видите и чевлите (сандали и папучи) во интензивна портокалова боја. Тие ќе го направат вашиот изглед навистина посебен и повеќе егзотичен.

Беж – секогаш кога не знаеме што да избереме

Оваа пролет, беж е новата црна боја. Кога не знаете што да носите, изберете нешто беж. Тоа може да биде едноставна кошула со фармерки или панталони за класичен и софистициран изглед. Тоа може да биде палто во таа боја, кое ќе се комбинира со некои впечатливи нијанси или широки панталони и нежна кошула за некоја посебна пригода. Беж е неутрална нијанса, како и розовата пудреста нијанса, таа припаѓа на основната палета со која сте безбедни и со која го градите својот изглед. Ако сакате да постигнете нежен изглед, комбинирајте беж со розева или бела боја. За малку посјаен изглед, можете да одберете, на пример, беж и зелена или минт нијанса.

Црвено – за доза на љубов

Што е пролетта без љубов? Ако ја имате, уживајте во неа. Ако ја немате – привлечете ја, а тоа можете да го постигнете со изгледот. Црвената боја е една од доминантните бои во колекциите на пролетните дизајнери. Оние похрабрите носат комбинации од глава до пети во црвено. Сепак, може да биде ризично, ако не знаете како да ја направите комбинацијата, затоа, држете се до потврдените комбинации. Само едно парче облека во црвена боја е доволно за да го направите вашиот изглед привлечен – тоа може да биде здолниште или јакна, кошула и.т.н. Остатокот од комбинацијата треба да биде посмирен и ќе ги избегнете проблемите. На крајот, ако црвената боја е премногу за Вас, црвениот кармин никогаш не е и не треба да биде. Затоа, наоружајте се со насмевка и нека се памети оваа пролет!