Радио Милева

Проговори вонбрачната ќерка на Зорица Брунцлик: „Чека да побарам помош од неа, а јас не сакам“

Проговори вонбрачната ќерка на Зорица Брунцлик: „Чека да побарам помош од неа, а јас не сакам“

Зорица Брунцлик ја има и својата ќерка Марија (46), која ја доби на 18 години во вонбрачна заедница. Пејачката не ја повикала ќерка си да ја види новородената внука, односно ќерката на Злата, Милица. Како што открива за српски „Телеграф“, Марија и нејзиното момче Ненад , се уште не ја виделе внуката.

-Не сме биле кај Зорица, се уште не не повикале. Нека е жива и здрава Милица, тоа е најважно. Слушаме дека се е во ред и дека Злата е добро. Читаме од медиумите, па знаеме. Не им забележуваме, секој од нас има живот. Ве молам да разберете и да не прашувате повеќе ништо. Ние не би сакале ништо да коментираме, беа јасни Марија и ненад, кои не сакаат да се експонираат во јавност.

фото:принтскрин/јутјуб

Во една прилика истакнаа дека водат мирен живот кај него во Обреновац.

Имено, за Марија и нејзиниот татко многу малку се знае. Тој е некогашен фудбалер на Прибој, а подоцна на Риека. Лубовта меѓу него и Зорица се случила во далечната 1977 година. Се зборува дека сите песни кои тогаш ги пеела Зорица биле посветени за него.

Ќерката на пејачката живее со момчето, а нејзината мајка никогаш не дошла таму да ја посети.  Марија активно се занимава со пеење, а желба и е да се појави на некој фестивал.

-Не е проблем мајка ми и очувот да ми помогнат, но тие чекаат јас да им кажам тоа да го направат, кажа Марија во една прилика за српските медиуми.

 

To top