Во соопштението за печатот, извршниот директор на „Пантон“, Леатрис Ајсман рече дека бојата на праска носи припадност и инспирира.
Институтот за боја „Пантон“ објави дека бојата што ќе ја одбележи 2024 година е бојата на праска.
Познатиот институт за боја смета само една нијанса ќе обезбеди доволно ниво на удобност и топлина и се вика „Peach Fuzz“. Тоа е топла и нежна боја на праска, односно мешавина од розова и портокалова боја.
Во соопштението за печатот, извршниот директор на „Пантон“, Леатрис Ајсман рече дека бојата на праска носи припадност и инспирира.
– Оваа боја носи чувство на удобност и благодарение на неа можеме да најдеме внатрешен мир, кој влијае на нашата благосостојба, истакнува Ајсман.
View this post on Instagram
Во 2024 година ќе се навршат 25 години откако Институтот за боја „Пантон“ ја прогласува бојата на годината.
На пазарот веќе се појавија многу производи во оваа боја – од мобилни телефони, теписи и предмети за домаќинството до облека и шминка.
извор:курир.мк
фото:freepik