Манекенката, модел, танчерка и актуелна водителка на естрадниот ТВ магазин„Бекстејџ“, младата тетовка Ева Јовановска (19) се почесто е дел од насловите во медиумите, привлекувајќи го вниманието на јавноста со својата хризма, шармот пред камери, талент…
Славата таа ќе ја почувствува уште од рана возраст и тоа поради нејзиниот труд и умешност.
Она што се забележува кај Ева е леснотијата да го менува својот имиџ пронаоѓајќи се и адаптирајќи се во зависност од ситуацијата и средината во која се наоѓа. Од сериозна девојка со остар поглед, до заводлив шарм кој ги освојува срцата на сите.
Доколку ја гледате на малите екрани или ако го отворите нејзиниот „Инстаграм“ профил убавината која таа ја покажува ќе ве воодушеви и ќе ве фасцинира.
Неодамна во претставата „Професионалец“ во режија на познатиот талентиран актер и режисер Сашо Серафимовски чие име е синоним за развојот на културата во Тетово и овој пат покажа дека зад секој труд стои успех. Културниот дом во Тетово беше преполн, а во претставата зеде учество токму таа, водителката на „Бекстејџ“ која ја збогати сцената со своја балетска точка со која намами громогласни аплаузи.
Целовкупниот впечаток го покажа реакцијата на публиката која дури три пати ги врати актерите на поклон.
Оваа убавица која храбро се искачува кон успехот поради нејзината мулиталентираност е препознаена и надвор од границите на Македонија.
Нејзините настапи оставаат впечаток и тешко дека некој може да остане рамнодушен на ваква убавина, па затоа најчесто се враќа со титули како најдобра од најмладите учеснички.
Сепак, таа иако сака да се развива на повеќе полиња одеднаш, како успешна водителка и новинарка на најгледаната естрадна емисија „Бекстејџ“ и одлична танчерка, таа и студира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на насоката Односи со јавноста. Од Ева може да се очекува многу, пред неа има избор што навистина сака да биде во животот, а кое е она вистинското за неа, времето ќе покаже.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Ева Јовановска/