Кензингтонската палата соопшти дека војвотката од Кембриџ утрово имала болки и дека е примена во болницата „Света Мери“.
Во соопштението пишува дека Кеј и Вилијам со автомобил пристигнале во болницата.
Војвотката и претходните два пати се породи во истата болница. Тогаш ги роди принцот Ѓорѓи и принцезата Шарлота. Иако третото бебе сакаше да го роди во домашни услови, според кралскиот протокол тоа не и беше дозволено.
Кејт последен пат во медиумите се појави на 22 март, кога со принцет Вилијам го посетија Олимпискиот парк.

фото: реутерс