Живот и Стил

Природни состојки против лош здив

Природни состојки против лош здив

ЦИМЕТ
Циметот можете да го конзумирате во вид на чај, односно да сварите неколку стапчиња цимет. Поради антибактериските својства на циметот, тој е одличен за неутрализирање на лошиот здив.

ЛИМОН
Киселоста на лимонот помага во спречување на проширувањето на бактериите на јазикот и непцата. Направете мешавина од еден лимон и една шолја вода и исплакнете ја устата.

КОПРИВА
Чајот и сокот од коприва (сокот можете да го направите во соковник во комбинација со некое овошје како на пример јаболко и морков) се одличен начин за ослободување на токсините од системот. Копривата е исто така добра за справување со габичните инфекции во устата.

ЃУМБИР
Ова лековито растение одлично дејствува против воспаленија поради кои може да настане лош здив. Доколку конзумирате ѓумбир, не додавајте шеќер, бидејќи шеќерот им помага на бактериите да се размножуваат.

To top