Дијарејата е непријатна и нè прави да се чувствуваме неудобно, но не е некој голем проблем ако се јавува ретко и кај здрави возрасни луѓе. Ако дијарејата е хронична состојба или се јавува кај деца и постари лица, тогаш ситуацијата се менува и треба многу да се внимава, затоа што нивните тела полесно дехидрираат.
Ви претставуваме неколку природни лекови кои ќе ви помогнат:
- Боровинки
Боровинките помагаат во борбата против дијарејата. Во Шведска докторите препишуваат супа од боровинки на пациентите со стомачни проблеми.
- Чај од камилица
Можете да си направите чај од камилица со готови ќесички или да си купите цветови од камилица и да си направите чај од една чајна лажичка камилица и една чајна лажичка нане. Пијте 3 чаши дневно. Танинот во црниот чај исто така помага против дијареја.
- Компири
Компирите можат да ви помогнат да ги надминете непријатностите со стомакот, но не треба да ги консумирате пржени.