Ако и вие сте една од оние жени кои сакаат косата што побрзо да им порасне, тогаш време е да го промените шампонот кој го користите.
Наместо да купувате скапи хемикалии кои ви ветуваат брзо растење и зајакнување на влакното, ви го нудиме следниов евтин рецепт.
750мл обичен шампон од коприва
30мл масло од коприва
1 шишенце AD капки на водена база
100мл пантенол раствор
50мл масло од рицинус
Измешајте ги сите капки со шампонот и добро протресете додека течностите не се изедначат.
Користете го шампонот при секое миење на косата и ќе забележите дека по неколку седмици ќе стане помека и поздрава, а со тоа што влакната нема да се кинат, и подолга.
извор:курир.мк