Живот и Стил

Природен напиток со кој ќе им кажете „збогум“ на болестите: Се пие наутро на празен стомак

Природен напиток со кој ќе им кажете „збогум“ на болестите: Се пие наутро на празен стомак

Имуниот систем е загрозен поради многу фактори, стрес, недостаток на сон, лоша исхрана, вируси, бактерии…

Сето тоа покажува дека неопходно е постојано да се грижиме за него за да остане сочуван и да го штити вашето тело од сите надворешни и внатрешни непријатели.

Поради тоа неопходно е да му обезбедиме добар „материјал“ за да може на најдобар можен начин да ја врши својата работа и да го штити нашиот организам од сите штетни влијанија и болести.

Да не го заборавиме најважното, имуниот систем е клучен во борба против слободните радикали кои што се меѓу водечките причини за предизвикување канцер, а од витално значење е и да се сочува интегритетот на здравите клетки во организмот.

Да сумираме, моќниот имунитет значи и добро здравје.

Рецепт за напиток:
Еве како да го зајакнете вашиот имунитет со овој традиционален рецепт од само три целосно природни состојки.

Сè што треба да направите е наутро кога ќе станете, на празен стомак да се напиете мешавина која што содржи една лажица кокосово масло, една лажица органски цимет (не тој од ќесичка), на врвот од лажичката мелен бибер и на сето тоа да му додадете млака вода.

Смесата помешајте ја и испијте ја, а во наредните 30 минути не внесувајте ништо во вашиот организам.

Покрај тоа што ќе го зајакнете вашиот имунитет до максимум, оваа мешавина ќе го заштити и вашиот желудник и ќе ги намали евентуалните тегоби со варењето на храната и желудочната киселина која што се создава во желудникот, а сето тоа благодарение на поволните дејства на кокосовото масло.

извор:точка.ком.мк

To top