Радио Милева емоции

Принцот Хари го раскажа моментот како дознал за смртта на неговата мајка (фото)

Принцот Хари го раскажа моментот како дознал за смртта на неговата мајка (фото)

Една од највпечатливите информации што ги сподели Хари во претстојната книга, а и во интервјуто кај Андерсон Купер во емисијата „60 минути“, е како дознал за смртта на мајка си.

Тој имал 12 години кога неговата мајка, принцезата Дијана, загина во сообраќајна несреќа во Париз. Тоа се случи во август 1997 година. Хари бил во замокот Балморал во Шкотска со другите членови на кралското семејство. Во книгата, Хари го опишува моментот кога неговиот татко, принцот Чарлс, го разбудил за да му каже што се случило.

„Во книгата пишува: Тој ми вели: се обидоа, драго момче, ама не успеа. Дали плачеше?“, го праша Купер.

„Не. Не. Нема солзи во тој момент“, рече Хари. „Бев во шок. Имав дванаесет години. Околу 7:30 наутро, рано. Влегува татко ми, седнува на мојот кревет, ја става раката на моето колено и ми вели: „Тоа беше несреќа.’ Не можев да поверувам“.

„Во книгата пишуваш дека татко ти не те прегрнал. ‘Тој не беше добар во покажувањето емоции во нормални околности. Но неговата рака повторно падна на моето колено и ми рече: „Ќе биде во ред“. Но, после тоа долго време ништо не беше во ред“.“

„Не, ништо, ништо не беше во ред“, одговори Хари на цитатот што го прочита соговорникот.

Хари побарал помош од терапевт пред седум години и открива дека пробал и бројни експериментални третмани за да се обиде да се справи со тагата што сè уште ја чувствува поради смртта на својата мајка.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

 

To top