Александра Пријовиќ веднаш по породувањето не чекаше долго време да се врати на музичката сцена и да започне со настапи, но како што вели своето слободно го поминува со Филип и со синот Александар.
Пријовиќ во интервју за „Пинк.рс“ искрено проговори за мајчинството, за брачниот живот и недоразбирањата, но и за новитите кои ги подготвува.
-Јас сум навикната да работам и навистина не ми е тешко, а што се однесува на мојот приватен живот ми се случи една од најубавите работи, станав мајка на едно прекрасно момче кое полни седум месеци и секој ден чекам да каже „мама“. Сакам да биде првиот збор кој ќе го слушнам, вели Александра.
Пријовиќ претходната недела прослави роденден и откри какво изненадување добила од нејзиниот сопруг.-
-„И сад ме по тебе познају“ е омилената песна на Филип и јас таа песна секогаш му ја пејам. Искрено, не очекував, но многу се израдував кога се вратив од настап и го видов изненадувањето со балони, цвеќе, ме изненади, вели пејачката.
Александра и Филип важат за еден од најскладните парови на јавната сцена, а Пријовиќ истакна дека ниту на почетокот од врската, ниту во бракот не се плаши дека колешките ќе и го земат сопругот.
– Такви коментари имаше на почетокот на врската, а ќе ги има и во иднина, ние нашата љубов ја чуваме за себе. Не се плашев ниту се плашам, ние бевме освојувачи на нашата љубов и мислам дека покажавме колку е голема нашата љубов, вели пејачката.
Поранешното момче на Александра, Љуба Перучица наскоро ќе се мажи, а пејчката му посака среќа и тој и неговата сакана да се реалзираат како родители.
– Јас кога ги сретнав пред неколку месеци и кога ми кажаа дека ќе прават свадба, и тогаш, а сега јавно им честитам и сакам да станат родители,вели Александра.