Александра Пријовиќ е една од најуспешните пејачки на помладата генерација во Србија, па не е изненадувачки што на многу колеги им е „трн во око“.
Сепак, Александра тврди дека нејзиниот брак со Филип Живојиновиќ, син на поранешниот тениски ас Слободан Боба Живојиновиќ, им пречел на многу пејачи повеќе од успехот во нејзината кариера.
– Мојот брак е многу поголем проблем за моите колеги отколку мојата кариера. Мислам дека на сите успеси може да им се простат и да се пренесат, но фактот дека се омажив за него не. Излегува дека понекогаш без Филип и Брена не би успеала. Акцентот е секогаш ставен на него, без оглед што сама ги финансирам сите песни и спотови – истакна Пријовиќ за „Свет“.
– Никогаш не сум била љубоморна на ничиј успех во животот, работата или хармонично семејство – додаде пејачката, а потоа се осврна на понудата за брак што ја доби од Живојиновиќ по само една недела врска.
– Мислам дека седевме во мојот стан и во еден момент од разговорот тој рече дека сака да се ожени за мене. Тоа е она кога се совпаѓаат емоциите и енергиите “, вели таа.