Популарната пејачка Александра Пријовиќ бележи успех по успех. Откако го распродаде првиот концерт во Старк Арена, вториот го закажа за 30 септември, а песните од новиот албум сѐ уште се на врвот на листата.
Но, пејачката сега покажа како своето слободно време го поминува со својата мајка со која е многу поврзана.
Нејзината мајка редовно споделува кога е во друштво со својата ќерка на социјалните мрежи, а овој пат тоа го направи и нејзината ќерка која објави како ужива со мајка и на одмор.
– Мама – напиша Александра и стави емотикон за срце.
Двете се сликаа на базен, а глетката им го одзема здивот особено на момците кои неуморно гледаа во нивните гради.
Александра се одлучила за шарено бикини, додека мајка и Борка имала жолт костим за капење.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Свет