На ТВ водителката Живкица Каленикова се почесто почна да и биде погодено друштвето и тоа со не она секојдневното, туку специјално и светски познато.
Минатата година Живкица заедно со сопругот и децата беа во Дизниленд, а таму го сртнаа идoлот на нејзиниот син, фудбалерот Лионел Меси и сопругата Антонела.
Со мега фудбалската ѕвезда не успеаја да се фотографираат за сопствен мерак и за спомен, но затоа Жиле успеа тоа да го направи тоа со Антонела.
Сега, познатата водителка повторно имаше возбудлив момент и уникатна прилика да биде во друштво, односно да се сретне со британската музичка ѕведа Роби Вилијамс.
Жиле стисната до Роби, насмеана и среќна си доби фотографија за спомен, а истата во неколу кадри ја објави на социјалните мрежи.
Локацијата и поводот не сакаше да ги открие, но затоа пријателките јавно и порачаа дека и љубоморат и посакуваат да бидат на нејзиното место. Албумот фото со светски познати почна да и се полни, па како што тргнал редот, очекуваме дека ова нема да биде и последна.
фото:Facebook/ Zivkica Kalenikova