Радио Милева бикини сезоната отворена

Придружбата ќе ја засени: Накова замина на ран летен одмор во луксузен ресорт, но овој пат покажа и во чие друштво (фото)

Придружбата ќе ја засени: Накова замина на ран летен одмор во луксузен ресорт, но овој пат покажа и во чие друштво (фото)

Календарски летото се уште не почнало, но за гевгелиската трендсетерка и модел Александра Накова официјален летен старт не е потребен, таа самата си го одреди.

Имено, Накова на својот Инстаграм профил започна да ги реди своите жешки и секси разголени фотографии во костим за капење, а со тоа најави дека за неа бикини сезоната е отворена.

Црно ултра минјатурно бикини кое едвај ја собра бујната предница, потоа зелено, па шарено со детали, Александра Накова блесна посилно од ова мајско сонце.

Дестинацијата е во Грција во еден луксузен ресорт за кој не пропушти да се пофали.

Расната гевгелиска убавица ја гледаме не ретко вака разголена, а од објавите на нејзиниот профил може да помислите дека постојано е лето.

Жешко, жешко, постојано температурата е висока, така што овие секси фотки се само една дополнета и обновена епизода.

Она што е поразлично овој пат е тоа што Накова покажа во чие друштво ужива сега, а ако мислевте дека тоа е нејзината нова љубов, се лажете. Оваа љубовна врска е цврста и нераскинлива – мајка и ќерка во морска авантура.

Малечката долгокоса ужива покрај и во морето, а веруваме дека рака за рака со мама се атракција таму, па подледите се магнетски залепени за нив.

Едно е сигурно, внманието е украдено, а  овој пат  дефинитивно само мама нема  да биде во фокус.

фото:Инстаграм принтскрин/Александра Накова

To top