Латино дивата Џенифер Лопез ги следи и ги диктира модните трендови. Џеј Ло е фотографирана на улиците на „Беверли Хилс“ кога одела на вечера со своите пријатели.
Во бела маица, розово сако од брендот „Балман“ и потпетици од брендот „Лoбутин“, убавата 49-годишна пејачка носела фармерки кои се апсолутен хит за ова лето.
Тесните фармерки до глуждови со недовршен раб на ногавиците ги преплавија продавниците за “улична мода“.
Покрај класичните искинати фармерки на колковите и колениците кои Џеј Ло исто така ги носи, фармерките исечени до глужд со недовршени рабови се дефинитивно најбараниот модел за ова лето.
извор: точка.мк