Радио Милева последен поздрав

„Престанаа твоите болки“: Колегите се збогуваа од актерката Катерина Крстева

„Престанаа твоите болки“: Колегите се збогуваа од актерката Катерина Крстева

На своја 85 годишна возраст почина познатата македонска актерка Катерина Крстева или попозната како Мара Попора, лик на кој се сеќаваат многу генерации.

Нејзиниот хумор, насмевката, препознатливата руса коса и сценски гестикулации, ќе останат како нешто на кое ќе се сеќаваме кога ќе се спомене нејзиниот незаборавен лик.

Иако хуморот е првото нешто со кое ја поврзувавме, нејзината реалност за жал не била баш таква.

Катерина станала мајка на своја 49 годишна возраст, а сопругот и починал кога детето и било мало, па со својата сила и мајчиснска љубов го одгледувала сама.

За „Фокус“, нејзиниот колега Гоце Тодоровски открива дека Катерина и нејзниниот син Александар живееле од нејзината скромна пензија. Но, нивни блиски пријатели открија повеќе за трагедијата која ја снашла Катерина која го нашла својот 36 годишен син мртов во нивниот дом во месец сепрември, односно пред три месеци.

-Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој и беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи… Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата – ни изјавија пријатели на Александар за „Фокус“.

На социјалните мрежи од Катерина Крстева се збогуваше и Весна Петрушевска која вели дека повеќето не ја занеле нејзината тажна приказна.

-Драга моја Кате (сестро да ти кажам)или во народот позната како Мара Попара да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија ,прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку со Мони Угриновска, Македонски народен театар дознавме, па подостоинствено да ја завршиш оваа приказна .Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна.Кате, многу ми е жал! Нас глумците баш лесно не забораваат. Слава ти, пишува Весна Петрушевска, а на нејзниот статус на Инстаграм се надоврза и Игор Џамбазов кој кусо напиша:

-Златна Кате…

И актерката Стојна Костовска се прости од својата колешка Кате со која заедно познати беа како дел од Хихирику.

-Драга колешке престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти…Чувај ги!!! Кате лесна ти земја!- беше последниот поздрав на Костовска.

Инаку, Катерина Крстева беше погребана вчера, 9-ти јануари на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата ќе биде дополнително објавена од МНТ.

фото:Фејсбук МНТ/Инстаграм/Јутјуб принтскрин

To top