Иако престојот во овие градови е толку пријатен што некогаш наликува и на сон, на голем број туристи не им паѓа напамет да ги посетат овие помалку познати градови…
Либек, Германија
Низ аеродромот во Либек, голем дел од патниците проаѓаат во текот на заминувањето за Хамбург, што изненадува бидејќи овој град се наоѓа на листата на УНЕСКО на светски градини и често се опишува како “Венеција на Балтикот”. Либек е преполн со средновековни градби и тесни улички, а во старото градско јадро се наоѓаат седум цркви, од кои најстари се Либечката катедрала и црквата Света Марија од 13-тиот век. Љубителите на слатките нема да можат да одолеат на марципанот по кој Либек е нашироко познат.
Сеговија, Шпанија
Сеговија е позната по прекрасниот аквадукт кој датира од првиот век и тој е доволна причина зошто треба да го посетите овој симпатичен град. Не е за потценување ниту импозантната средновековна архитектура, од палатите и катедралите до манастирите и локалните таверни.
Нант, Франција
Некои градби се нови, како што е Палатата на правдата, а многу се историски, вклучувајќи ги некогашните магацини кои со текот на времето биле претворени во кафулиња и уметнички ателјеа. Нант е преполн со паркови и градини, а ширум Европа е познат и по некои од најдобрите симфониски оркестри во Франција.
Бергамо, Италија
Бергамо е познат пред сѐ по добро сочуваното старо градско јадро на стрмното брдо над современиот град од каде се пружаат прекрасни панорами кон градот и околината. На малечките улички во Бергамо можете да пробате одличен сладолед, да се прошетате покрај рекичката Серио, а градот може да послужи и како одлична “основа” за истражување на Ломбардија.
Виторија, ШпанијаЗасенета од Билбао и Сан Себастијан, Виторија е често неправедно запоставувана. Од раните вечери па сѐ до полноќ, медитеранската атмосфера на нејзините централни плоштади станува исклучително “жива” – додека постарите граѓани играат карти, а децата се качуваат по скалите на старите цркви, преостанатиот дел од населението по напорниот работен ден ужива во прошетките и одличното вино. Доколку некогаш ве однесе патот до овој град, задолжително посетете ја катедралата Санта Марија де Виторија од 13-тиот век.