Живот и Стил

Предлог за ручек: Пилешко со пршута и моцарела

Предлог за ручек: Пилешко со пршута и моцарела

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.

Потребни состојки:

  • 6 парчиња пилешки стек
  • 2 тиквички
  • 6 парчиња пршута
  • 6 парчиња моцарела
  • Пармезан
  • 1 јајце
  • Презла
  • Маслиново масло
  • 2 лажици млеко
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките и посолете. Посолете го и месото. На секое парче месо ставете пршута, малку од ренданите тиквички и парче моцарела па замотајте.

Изматете јајце, сол, бибер и додајте млеко. Ставете го месото во изматеното јајце, па во презла. Ставете хартија за печење во тавчето, додајте маслиново масло и ставете го месото во тава.

Секое парче месо прелијте го со маслиново масло. Печете околу 35 минути на 180 степени.

извор: кајгана

To top