Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Состојки:
- 2 пастрмки
- Половина килограм компири
- Бело вино
- Маслиново масло
- Сол, бибер
- Рузмарин
- Лимон
- Три чешниња лук
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете ги и исечкајте ги компирите на помали парчиња и ставете ги во тава за печење. Исечете го лимонот. Исчистете ја пастрмката и посoлете ја убаво. Додајте рузмарин, две парчиња лимон и 1 чешне лук во внатрешноста на рибата.
Исечкајте го останатиот лук на ситни парчиња и распоредете го врз компирите. Прелијте со маслиново масло и посолете. Ставете ги пастрмките над компирите, полијте со бело вино и по потреба додајте уште малку маслиново масло. Печете 20-25 минути.
Извор: Курир.мк