Една од најпопуларните пејачки во регионот, Северина Којиќ наскоро годинава ќе наполни 49 години.
Севе дефинитивно е од оние жени на кои годините не им можат ништо, па слободно може да се каже дека изгледа подобро од било кога.
Но, се враќаме тресет и две години наназад. Северина на настап во Сплит во далечната 1989 година, а видеото на Јутјуб е прегледано повеќе од 100 илјади пати.
Тогаш помладата Севе има црна густа коса и впечатливи веѓи, а јасно даваше до знаење дека музиката и танцот се единствената нејзина љубов.
Погледнете како изгледаше пред 32 години:
Северина е родена во Сплит, 21-ви април 1972 година, како најмлада ќерка на Ана и Север Вучковиќ. Има две постари сестри, Зденка и Маријана. Денес Северина е реализирана во својата работа, таа е мајка и сопруга.