Радио Милева не се откажува

Пред неа е уште една борба: Сопругот на Тања Савиќ доаѓа во Србија за да се бори за старателството на децата

Пред неа е уште една борба: Сопругот на Тања Савиќ доаѓа во Србија за да се бори за старателството на децата

Пејачката Тања Савиќ претходната година помина низ вистински пекол. Имено, во април 2020 година, сопругот на Тања, Душан Јованчевиќ без нејзино знаење ги однесе децата во Австралија.

Пејачката речиси една година беше разделена од наследниците.

Савиќ ја започна борбата за старателството над децата и тие да се вратат во Србија. По речиси една година, Тања го доби сопругот на суд и ги врати своите синови во Белград.

Меѓутоа, како што пишуваат медиумите, сопругот на Тања ќе дојде во Србија за да се бори за старателството.

-Доаѓам во Србија со своите адвокати. Јас сигурно нема да се откажам од своите деца. Ќе се борам за нив. Ќе се борам за правдата и вистината додека сум жив. Тоа е спор процес, но така оди“; изјави Душан.

За потсетување, Тања заедно со своите наследници живее во Смедерво, а неодамна медиумите пишува дека е во врска со познат политичар.

фото: Инстаграм/тања савиќ/рајко ристиќ/приватна архива/рас србија

To top