Живот и Стил

Пред нас е сезона на вируси: Заштитете се со овие намирници од кујната

Пред нас е сезона на вируси: Заштитете се со овие намирници од кујната

Експертите ја препорачуваат следнава храна – докажано делуваат

Ореви и бадеми

Оревите спаѓаа во групата на најкорисни јаткасти плодови и доволно е да конзумирате само една шака дневно. Тие содржат многу витамини, омега 3 масни киселини и други хранливи материи корисни за срцето и мозокот. Нивниот ефект е докажан преку фактот дека го успоруваат развојот на Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Половина порција бадеми обезбедува речиси 100 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Е, кој е клучен витамин кон здрав имунолошки систем.

Грашок

Грашокот е богат со калциум, калиум, витамин Б и фолна киселина. Го подобрува здравјето на мозокот, кожата, помага при висок крвен притисок и е добар во превенција од мозочен удар.

Спанаќ

Спанаќот се смета како еден од најкорисните зеленчуци. Тој претставува вистинска витаминска бомба бидејќи содржи витамин А, Ц, К, Д, Б2, Б6, протеини, антиоксиданси, калциум и омега 3 масни киселини. Спанаќот е најздрав кога се готви што е можно помалку за да ги задржи своите хранливи материи. Ваквото готвење помага во зголемувањето на витаминот А и дозволува другите хранливи материи да бидат ослободени.

Лук

Лукот се наоѓа во речиси секоја кујна во светот. Тој го намалува крвниот притисок и го забавува затнувањето на артериите. Сепак, не се препорачува за луѓе со низок притисок бидејќи истиот дополнително ќе ви го симне.

Киви

Кивито е полно со еден тон есенцијални хранливи материи како што се фолната киселина и витамините Ц и К. Витаминот Ц ги поттикнува белите крвни зрнца во борбата против инфекции, додека другите хранливи материи на кивото помагаат остатокот од вашето тело да функционира правилно.

Јогурт

Јогуртот исто така може да биде одличен извор на витамин Д кој докажано помага во регулирање на имунолошкиот систем и се смета дека ја зголемува природната одбрана на телото против болести.

Зелен чај

Зелениот и црниот чај се преполни со флавоноиди, еден вид антиоксиданс. Најсилниот антиоксидант, епигалокатехин галат, може да помогне во уништувањето на клетките на ракот, преку уништување на митохондриите на клетките.

извор:скопје24

To top