Радио Милева

Пред големиот скандал, Јелена Карлеуша вака го подготвуваше Филип Пецоски за „Ѕвездите на Гранд“

Пред големиот скандал, Јелена Карлеуша вака го подготвуваше Филип Пецоски за „Ѕвездите на Гранд“

Во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ има многу македонски кандидати кои успеа да поминат во вториот круг.

Според новите правила на ова музичко шоу, секој кандидат има ментор кој ќе ги подготвува учеснците за следниот круг.

Во првиот круг одлично се претстави  и Филип Пецовски од Скопје кој ја воодушеви публиката со сценскиот настап и изведбата.

https://youtu.be/hfskJXwP_LQ

Тој за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша која деновиве е главна тема во сите медиуми.

Имено, во емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“ беше пуштен прилог како Јелена ги подготвува кандидатите  за следниот настап.

Меѓу нив прв беше и Филип кој уште еднаш ја воодушеви Јелена.

„Она што го прави поразличен од чистиот шоумен е тоа што убаво пее и што има убава емоција. Тоа е ретко, јас такво нешто никогаш немам видено. Те одбрав тебе, затоа што таков како тебе на балканската сцена не постои. Знаеш дека мислам дека македонскиот јазик е секси“ истакна Јелена.

Пејачката го праша дали може да прави склекови и да „пее“, па Филип одлучи пред сите да го прифати овој предизвик и да проба.

Како беше на час по пеење кај Јелена погледнете во видеото кое следува.

За потсетување, Карлеуша деновиве е главна тема во сите медиуми поради скандалот за порно аферата со босанскиот фудбалер. По сите овие случувања таа замина во Кина, а токму поради и тоа како што пренесуваа српските медиуми во петокот се одложи снимањето на новата емисија на „Ѕвездите на Гранд“.

Како Филип ќе се претстави останува да видиме.

To top