Водителот и стенд-ап комичар Дарко Митровиќ на необичен начин и предложи брак на својата девојка Сандра Георгиевски.
Во неделата, Дарко ја запроси Сандра на неговиот настап така што и стави импровизиран прстен на нејзината рака.
– Јас, патем, импровизирав и го отстранив од клучот оној кружен додаток и сакав да ја прашам дали сака да се омажи за мене – изјави Дарко за „Мондо“, а Сандра веднаш рече „да“.
Дарко помина низ тежок период по смртта на неговата сопруга Снежана, која почина на 21 декември минатата година, а по болните моменти Сандра успеа да му донесе насмевка на лицето.
Водителот не сакаше јавно да зборува за новата љубов се до месец ноември годинава, кога ја откри врската со Сандра.
На фотографијата која тој ја објави на Инстаграм, а таа носи вистински прстен на раката, водителот на неколку српски портали им покажа среден прст и во коментар јасно посочи дека го упатува за нив.