Живот и Стил

Пред да го ставите сирењето во фрижидер, задолжително направете ја оваа работа

Пред да го ставите сирењето во фрижидер, задолжително направете ја оваа работа

Млечните производи, особено сирењето, многу брзо се расипуваат доколку не се чуваат правилно. Како да го одржите вашето сирење свежо? Пред да го ставите во фрижидер, погрижете се да направите една работа!

Додека синото сирење и полутврдото сирење можат директно да влезат во пластична кеса (за замрзнување или која било друга чиста кеса), проблемот е како да се зачува младото сирење. Имено, него треба да го чувате во пластичен сад со капак.

Свежото сирење по можност треба да го чувате во оригинално пакување, но добро би било да го префрлите во друг пластичен сад со капак и да ја менувате водата во која стои на неколку дена.

Исто така, не заборавајте да ги чувате сирењата во фрижидер, во фиоката каде што го чувате зеленчукот. Причината зошто треба да ги чувате таму е тоа што таму температурата е ладна и стабилна, без многу промени, што е идеално за храна како сирење.

За да го заштитите сирењето од мувла, користете малку масло така што ќе го намачкате сирењето, со малку маслиново или растително масло и потоа ставете го во пластичен сад со капак. Маслото секогаш можете да го избришете со хартиена крпа, а сирењето можете да го измиете и во топла вода и да уживате во неговиот вкус.

Извор: Курир.мк

To top